вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Украина без Зинченко гостува во Скопје (ФОТО)

Украина без Зинченко гостува во Скопје (ФОТО)

Фудбалската репрезентацијата на Украина е нашиот следен противник во квалификациите за ЕП, а познат е и составот со кој ќе допатува во Скопје.

На списокот на в.д.селекторот Руслан Ротан се наоѓаат вкупно 27 имиња, а го нема фудбалерот на Арсенал Зинченко, кој е повреден.

Репрезентацијата ќе ја предводи ѕвездата на Челзи, Мудрик, но на списокот има и други респектабилни имиња.