четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Чави: Не ни треба замена за Алба, потребен ни е играч на местото од Бускетс

Чави: Не ни треба замена за Алба, потребен ни е играч на местото од Бускетс

Тренерот на Барселона Чави Ернандес изјави дека имаат играчи на позицијата лев бек, но тенки се онаму каде што играше Бускетс им треба дефанзивен играч за врска.

Барселона останува без свои двајца легендарни фудбалери, Алба и Бускетс кои го напуштаат клубот ова лето.

„Нема да купиме нов лев бек ова лето да го замени Алба, ги имаме Балде и Маркос Алонсо“, вели Чави.

„Потребна ни е замена за Бускетс. Тоа ќе зависи од ситуацијата со финансискиот фер плеј. Сакам паметен, посветен пивот кој добива дуели“.