среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За влакно избегната трагедија: Ветерот фрли падобранец врз карпите и го влечеше по земја

За влакно избегната трагедија: Ветерот фрли падобранец врз карпите и го влечеше по земја

Наглата промена на времето на море и силниот ветар кој во еден момент се засилил, фрли денеска еден падобранец, кого го влечел глисер, на карпите од плажата на авто-кампот Полидор во Фунтана недалеку од Пореч.

Според зборовите на очевидци, силниот ветар буквално го повлекол падобранецот и глисерот кон копното, по што падобранецот повеќе пати паднал и удрил во брегот, карпите и терасата на еден локал.

Со оглед на тоа што падобранот се уште создавал сила и го влечел унесреќениот по тлото, на помош му скокнале многубројните гости кои тука се бањале во морето или седеле ко кафулињата.

Мажот е префрлен во болница, а со какви повреди се здобил допрва треба да се утврди.