Окружниот суд во јапонскиот град Нагоја денеска пресуди дека забраната за истополови бракови е неуставна.
Тоа е втора пресуда што судот ја прогласува за неуставна од четири случаи во изминатите две години и најверојатно ќе го зголеми притисокот за промена на Уставот на Јапонија, според кој бракот е заедница меѓу маж и жена.
Окружниот суд во Осака минатата година ја прогласи забраната за истополови бракови за уставна, што е во спротивност со пресудата од 2021 година на Окружниот суд Сапоро, која ја прогласи забраната за истополови бракови за неуставна. Судот во Токио подоцна ја потврди забраната за истополови бракови, но истакна дека недостатокот на правна заштита на истополовите заедници ги крши нивните човекови права.
Пресудите сигнализираат колку прашањето останува поделено во Јапонија. Денешната пресуда беше поздравена со аплауз од активисти и поддржувачи кои вееја знамиња со виножито пред судот.
Според анкетите околу 70 отсто од јавноста ги поддржува истополовите бракови, конзервативната владејачка Либерално-демократска партија на премиерот Фуми Кишида се противи на тоа.
Повеќе од 300 јапонски локални заедници, кои се околу 65 отсто од јапонското население им дозволуваат на истополовите двојки да склучуваат граѓански партнерства, но тоа право е ограничено. (МИА)