четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Утре без вода делови од Гази Баба, Чаир, Бутел и Карпош

Утре без вода делови од Гази Баба, Чаир, Бутел и Карпош

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека на ден 01.06.2023 година (четврток), :

• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Зеничка бр. 3, од 08:30 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Зеничка, Коце Металец, Тајмишка , Душан Тасковиќ и Филип Филиповиќ. (Општина Гази Баба)

• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-300 мм, на ул. 388 (кај Универзитетот – Мајка Тереза), од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: 376, 378, Кемал Сејфула и Самоилова. (Општина Чаир)

• поради зафати во водоводната мрежа (промена на затворач) на ул. Бутелска бр. 2/15, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од ул. Бутелска, поточно краците бр. 2, 4, 6 и 8. (Општина Бутел)

• поради изведување водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм, на ул. Козле 3 бр.18, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Средно Нерези. (Општина Карпош)