Државјанин на Србија вчера околу 08 часот бил пронајден починат во викенд-куќа лоцирана на место викано „Плужино“ атар на Општина Штип.
Од полицијата информираат дека лицето е идентификувано како А.Ц. (70) од Р.Србија, а со привремен престој во Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.