недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Деклан Рајс пред потпис со Баерн Минхен

Деклан Рајс пред потпис со Баерн Минхен

Капитенот на Вест хем, Деклан Рајс е подготвен да ги одбие понудите на Арсенал и Манчестер јунајтед и својата кариера да ја продолжи во Германија, поточно во Баерн Минхен, пренесува „Скај спортс“.

Се очекува „чеканите“ ова лето да се согласат на трансфер на нивниот најдобар фудбалер, и според „Скај“ имал позитивни преговори со германскиот шампион во Лондон и е согласен на преселба доколку двата клуба се согласат.

Вест Хем постојано тврдеа дека неговиот трансфер нема да може да биде под 100 милиони евра, и останува да се види дали Баварците ќе се согласат на оваа сума.