недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Златан Ибрахимовиќ не планира да се пензионира

Златан Ибрахимовиќ не планира да се пензионира

Златан Ибрахимовиќ веќе влезе во петтата деценија од животот, а тоа дефинитивно влијае врз неговата кариера и најдобар доказ за тоа што одигра само четири натпревари за Милан во актуелнава кампања.

Меѓутоа без разлика на тоа ветеранот не размислува за заминување во пензија затоа што се уште ужива во фудбалот.

-Не, нема да се повлечам. Ама мора да има радост во она што го правите,  не можам да немам мир. Ама се уште не сум таму. Имам уште да дадам. Дали размислувам за пензија? Не. Дали треба да продолжам да играм? Да. Ама морам да најдам рамнотежа, бидејќи ако немате спокојство и стабилност во животот, вие сте бомба и бомбите експлодираат, -рече Ибра кој посочи дека има понуда на маса од Монца.

-Монца рече дека има подготвен договор за мене. Но, јас сум сепак играч на Милан и горд сум на тоа, -порача Швеѓанецот со балкански корени.