СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.Р. (21) и В.М. (22), двајцата од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 22.05.2023 во Велес, пријавените со употреба на скенер-принтер, фалсификувале банкноти-денари и ги пуштиле во оптек како вистински.
При извршен претрес во нивните домови, одземени се скенер-принтер, компјутер и две банкноти од по 100 денари и една од по 1000 денари.