сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на ПСЖ

Според информации на француските медиуми, Јулијан Нагелсман и ПСЖ се веќе во напредни преговори и наскоро се очекува да постигнат комплетен договор, со што Германецот ќе седне на клупата и почне да го гради тимот, кој ќе претрпи сериозна реконструкција зашто веќе е сигурно заминувањето на Лионел Меси и на Серхио Рамос, а во најава е заминување и на Нејмар.

ПСЖ веќе го договори Марко Асенсио, словачкиот стопер од Интер, Милан Шкринијар, двајцата кои доаѓаат бесплатно, а пред доаѓање е и фанцускиот лев репрезентативен бек Лукас Ернандез од Баерн Минхен.

Со Нагелсман доаѓа и Анри, кој беше двапати помошник во репрезентацијата на Белгија на поранешниот селектор Роберто Мартинез, а еднаш имаше неуспешна и краткотрајна самостојна тренерска кариера како тренер на Монако.