петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во среда средба Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратеници

Во среда средба Ковачевски – Мицкоски во Клубот на пратеници

Најавената средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се одржи во среда во Клубот на пратеници, соопшти владината прес- служба.

На средбата, како што се наведува, ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку брифинг со новинарите пак потврди дека лидерска средба ќе има во Клубот на пратеници во 11 часот во среда. Форматот на средбата ќе биде тет-а-тет.

До средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, Коалицијата и Извршниот Комитет. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова собрание нема легетимитет за таков чекор.

Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство.

Најнови вести