На 04.06.2023 околу 14.50 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата била пронајдена прашкаста материја.
Полициски службеници извршиле увид и ја подигнале прашкастата материја за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.