среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Велес, одземеното вратено на сопственикот

Приведен крадец во Велес, одземеното вратено на сопственикот

На 05.06.2023 во 21.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(18) од Велес. Тој се сомничи дека истиот ден од патничко возило „фиат пунто“ со кавадаречки регистарски ознаки одзел повеќе предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициската станица во Велес. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.