среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најнова временска на УХМР: Еве какво ќе биде времето до понеделник (Фото)

Најнова временска на УХМР: Еве какво ќе биде времето до понеделник (Фото)

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во следните денови, се очекува на повеќе места во попладневните часови да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме.

Температурите ќе бидат без поголема промена.

Најнови вести