среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз: Го посакував мечот со Ѓоковиќ

Алкараз: Го посакував мечот со Ѓоковиќ

Карлос Алкараз лесно се справи со Стефанос Циципас и обезбеди место во полуфиналето на вториот календарски грен слем Ролан Гарос.

Најдобриот светски рекет славеше со 3-0 во сетови со 6:2, 6.1, 7:6, па се следи соочување со Новак Ѓоковиќ кој претходно беше подобар од Карен Хачанов.

-Постојано верувам во себе. Тоа е најважната работа, не само за мене, туку за секој човек. Мислам дека секогаш ќе играм на ова ниво ако верувам во себе. Клучот е да си играте со уживање, -рече Алкараз кој е подготвен да му се спротистави на 22-кратниот грен слем шампион.Би рекол дека таа енергија и љубов ја почувствував од трибините. Играњето овде е прекрасно, ја чувствувам љубовта на публиката. Сите сакаа да видат добар тенис во овој натпревар. Дефинитивно ќе биде одличен меч за два дена, тоа го сакав. Отсекогаш сум велел, ако сакаш да бидеш прв, треба да ги победиш најдобрите. Новак Ѓоковиќ секако е еден од најдобрите, би сакал тој меч да го одиграм на високо ниво, -порача Шпанецот.