недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометниот шампион добива ново засилување на бековската линија

Ракометниот шампион добива ново засилување на бековската линија

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер е на чекор да го договори своето второ засилување за следната сезона, пишува „Балкан Хендол“.

„Зелено-белите“ во новата сезона се враќаат во Лигата на шампионите, а поради тоа раководството и стручниот штаб имаат полни раце работа во овој период.

По заминувањето на седум играчи, Звонко Шундовски и Александар Јовиќ веќе бараат адекватни замени, а на почетокот на преодниот рок во центарот на вниманието се ракометари од Балканот.

По потписот на одличниот словенечки десен бек Нејц Цехте, наводно во Битола ќе се пресели и српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ.

25-годишниот белграѓанец, кој експлодираше во репрезентативниот дрес на СП 2023, е блиску до договор со македонскиот шампион.