На 07.06.2023 во 23:10 часот во угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода П.С.(38) од струшкото село Долна Белица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.