среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Стружанец приведен за недозволена трговија со дрога

Стружанец приведен за недозволена трговија со дрога

На 07.06.2023 во 21:40 часот на улица „Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода К.Л.(52) од Струга.

При преглед во патничко возило, во кое бил К.Л., била пронајдена и одземена  бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него  ќе биде поднесена соодветна пријава.