недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Каспер Кисум и наредната сезона во Еурофарм Пелистер

Каспер Кисум и наредната сезона во Еурофарм Пелистер

Данскиот ракометен интернационалец, Каспер Кисум ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер и во натпреварувачката 2023/2024.

Левиот бек кој пристигна во Битола на почетокот на годината ја прифатил понудата од македонскиот првак и уште најмалку една кампања ќе биде дел од нашиот прволигаш.

Кисум е играч кој има сериозно искуство со настапи во неговата татковина, Германија и Франција, па дефинитивно ќе биде од голема помош при настапот во ЛШ.

Кога се во прашање пак новите имиња Пелистер засега само го има потврдено ангажманот на  Нејц Цехте.