вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Купил дрога, па му овозможил на друго лице да ја користи – еве што затекна полицијата

Купил дрога, па му овозможил на друго лице да ја користи – еве што затекна полицијата
илустрација

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.В.(39) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 21.11.2022 на експресниот пат Штип-Велес, кај населбата „Три Чешми“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „сеат“, кое го управувал Р.С., при што пронашле и одзеле марихуана и кокаин, кои пријавениот ги набавил и му овозможил на Р.С. да користи од нив.