вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека

Завршија подготовките за аџилак, над 2.000 верници од земјава ќе заминат во Мека

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места од земјава ќе заминат над 2.000 верници, што претставува рекорден број и подготовките поминаа во најдобар ред, изјави поглаварот на Исламската верска заедница, реисот хаџи Хафиз Шаќир Ефенди Фетаи на информативната средба со верниците во Гостивар.

– Од нашата земја оваа година на аџилак ќе заминат 2030 верници, кои ќе им се придружат на околу четири милиони верници од целиот свет. Оваа година бројот на аџии од Северна Македонија е поголем од која било друга земја на Балканот, рече Фетаи.

Тој на верниците кои се собраа на традиционалниот информативен собир им посака добро здравје и да се придржуваат до препораките на верските лидери и лекарскиот тим.

Рекорден број на верници, годинава ќе заминат од Гостиварско и сите подготовки поврзани со визи, авионски билети, вакцини се завршени и како што рече гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели, верниците може да заминат за Саудиска Арабија и да го исполнат петтиот услов на исламот.

Собирот беше можност верниците да се запознаат со нивните водачи и да слушнат совети и предавања поврзани со престојот во светите места.

Муфтијата Зендели напомена дека од гостиварско на аџилак годинава ќе одат 451 аџии кои ќе бидат придружувани верски лица и медицински тим со тројца лекари. Најстариот верник кој ќе замина Хаџот 2023 има 80 години, а најмладиот 26.

Покрај советите и благословот, верниците денес ги добија и пакетите во кои се наоѓа традиционалната наметка ирхам.

Првата и втората група ќе тргне на 16 јуни, односно 17 јуни со по 180 верници, а последната со 85 ќе отпатува на 18 јуни.

ИВЗ го организираше патот, сместувањето и храна за време на 28 дневниот престој.

Најнови вести