среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Дидие Дешамп повика замена во францускиот тим на место на повредениот Рабиот

Дидие Дешамп повика замена во францускиот тим на место на повредениот Рабиот

Француската фудбалска репрезентација нема да смета на Адриен Рабио во јунските настапи, бидејќи играчот за врска заработил повреда на последниот тренинг.

Рабио кој официјално се уште е фудбалер на Јувентус заработил мускулна повреда на десната нога и нема да биде во комбинација за претстојните натпревари, а селекторот Дидие Дешамп експресно повикал замена во националниот тим.

Местото на Рабио ќе го пополни членот на Астон Вила, Бубакар Камара, кој се рехабилитираше од повредата на крајот на сезоната и ги одигра последните натпревари за екипата која избори пласман во Конференциската лига.

Франција најпрвин се среќава со Гибралтар во петок, додека три дена подоцна ќе ја пречека Грција во Париз.