среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ристовски: Одиме на победа против Украина

Ристовски: Одиме на победа против Украина

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува последните подготовки пред двата јунски меча од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија.

Македонија има три бода по победата над Малта, а целта е салдото на бодови да биде зголемено по дуелите со Украина (16 јуни) во Скопје и Англија (19 јуни) во Манчестер.

Еден од оние кои ќе биде задолжен да биде опасност пред противничките голови е Милан Ристовски. Напаѓачот е полн со оптимизам и верува дека Македонија може да ја совлада Украина.

„Треба да влеземе мотивирани како на секој меч и ќе биде се како што посакуваме. Играме на домашен терен и мора да покажеме желба на највисоко ниво ако сакаме да победиме еден таков квалитетен противник. Кога ќе се облече дресот на репрезентацијата не постои замор, а тие 7 дена како подготовка добро ни дојдоа. Енергија е на највисоко ниво и одиме на победа“, вели Ристовски.