среда, 10. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Елези: Да веруваме во успех против Украина

Елези: Да веруваме во успех против Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија со натпреварот в петок против Украина го стартува овој репрезентативен прозорец во кој ќе играме уште и со Англија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП наредната година.

Голем дел од нашите фудбалери се оптимисти пред двата натпревари, во кои нашите противници се апсолутни фаворити.

„Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат“.

Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што ни следи, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се надеваме на позитивен резултат“, рече Агон Елези.

foto: gol.mk