четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен крадец во Велес, следува соодветна пријава

Приведен крадец во Велес, следува соодветна пријава

На 12.06.2023, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес. Тој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети.

Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес.

По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.