четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кил и официјално започна преговори со Де Варгас

Кил и официјално започна преговори со Де Варгас

Германскиот ракометен шампион Кил ќе има сосема нов изглед следната сезона, во поглед на играчкиот кадар.

Заминуваат главните ѕвезди – Сандер Сагосен, Никлас Ландин, Миха Зарабец…а Кил иако го има договорено трансферот на Венсан Жерар, веќе бара врвно име како замена за данскиот голман.

Од „зебрите“ потврдија дека го посакуваат голманот на Барселона, Гонзало Перес Де Варгас, кој е врзан со договор со каталонскиот гигант до 2025 година.

Покрај Жерар, кој потпиша договор на една сезона, во голманското дуо ќе биде и чешкиот чувар на мрежата Томаш Мрква, кој исто така има договор до 2024 година.