Цеца Ражнатовиќ слави јубилеен роденден
Статус на фолк дива, кариера на која би и позавиделе сите нејзини колешки, син и ќерка кои ја прават горда мајка, две внучиња, трагичната смрт на сопругот кој и бил судбинска љубов, болни раскинувања, фатална убавина, затвор и бројни додворувачи…
Иако по тој повод планирала да направи величествена прослава на која ќе ги собере семејството, пријателите и колегите, Цеца се откажала од таа идеја откако дознала дека нејзината ќерка Анастасија, која е во врска со фудбалерот Немања Гудеља, го изгубила бебето во четвртиот месец од бременоста.
-Нема да славам роденден од позната причина. На нашето семејство Анастасија и Немања им се случи трагедија и едноставно не е момент за славење. Не бев разгалена од животот. Имав навистина огромни издигнувања и падови. Знам дека се соочувам и со најтешките и со најубавите моменти – рече Цеца и додаде:
– Животот е направен од тие работи. Сега приоритет ми е Анастасија да продолжи понатаму, како и Немања, сите заедно да се издигнеме како семејство и да ја преболиме болката што ќе остане во нас. Треба да се продолжи понатаму.
И покрај тоа што нагласи дека нема што да се слави, на адресата на Цеси со денови се добиваат подароци, а обожавателите и испратија и роденденска торта со натпис „Жена, мајка, кралица“.
Како што е познато, музичката ѕвезда е родена на 14 јуни 1973 година во Житораѓа. Таа порасна во хармонично семејство, со татко ѝ Слободан, мајката Мира и сестрата Лидија со која и денес е исклучително блиска.
По повод важен датум во животот, Цеца на социјалните мрежи објави една од своите први фотографии, снимена како мала. На неа е прикажано преслатко девојче облечено во бело, со машнички во косата, кое уште тогаш знаело да позира пред камера, како да знаело дека тоа ќе биде дел од нејзиното секојдневие.