недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Срби „оперирале“ на Закинтос- еве ги деталите

Срби „оперирале“ на Закинтос- еве ги деталите

Грчката полиција информира дека биле уапсени две момчиња од Србија на возраст од 20 и 22 години, кои ограбувале туристи на островот Закинтос.

Кај момчињата биле најдени 7 000 евра, накит вреден 4 000 евра, скап рачен часовник и мобилен телефон. Сопственикот на апартманот, каде отседнале момчињата како туристи, ги пријавил во полицијата и помогнал при нивното апсење.

Една од ограбените била токму ќерката на сопственикот на апартманот, на која и украле 7 000 евра од касата на туристичката агенција што се наоѓала во куќата каде престојувале момчињата. Кога исчезнале парите, сопственикот се посомневал во Србите и ги пријавил во полиција.

Полицијата извршила претрес и ги нашла парите, кои ги криеле во чорапите. Со истрагата било утврдено дека ограбувале и туристи на плажа, на кои им биле вратени вредните предмети. Натамошната истрага покажала дека со помош на уште две непознати лица, момчињата учествувале и во грабеж на златарница.