среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија во меч со пет сета загуби од Хрватска

Македонија во меч со пет сета загуби од Хрватска
14.06.2023., Zadar - Utakmica Zlatne europske lige izmedju Hrvatske i Makedonije

Македонската одбојкарска репрезентација го доживеа третиот пораз во петтото коло во Златната лига откако во Задар загуби од селекцијата на Хрватска во исклучително возбудлив меч кој траеше пет сета.

Првиот сет го доби Македонија со 25-20, но следните два им припаднаа на Хрватите со 17-25 и 23-25, домаќините го свртеа мечот и поведоа со 2-1.

Македонија одигра фантастичен четврти сет кој го добивме со убедливи 25-15, по што следуваше петти, решавачки сет.

Во краткиот петти сет, имавме водство од 12-10, но го пропуштивме, Хрватите беа пофокусирани во финишот и го добија сетот со 13-15 и дојдоа до победа од 3-2.

Никола Ѓорѓиев со 22 поени беше најдобар кај Македонија, а со ист учинок Петар Дрилиќ беше најдобар кај Хрватите.

По пет одиграни кола Македонија е трета во групата со шест бодови колку што има и втората Белгија. Убедливо на првото место е Украина со 15 бодови, посленда е Хрватска со три бода.