Автомобил, најверојатно поради лошите временски услови, се превртел на патниот правец Скопје-Тетово, после првата наплатна рампа кон Тетово.
Од полицијата потврдуваат дека имаат пријава за возило излетало од коловозот, но наскоро ќе излезат со повеќе детали.
Сообраќајот не е во прекин и се одвива непречено во една коловозна лента.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на настанот.