среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Македонија ЃП се засили со офанзивец од втората бугарска лига

Македонија ЃП се засили со офанзивец од втората бугарска лига

Некогашниот младински репрезентативец на Бугарија, Антон Карачанаков е нов фудбалер на Македонија Ѓорче Петров.

Освојувачот на Купот на Македонија го соопшти засилувањето со 31-годишниот фудбалер, кој може да на напаѓа и на странични позиции, иако поприродна треба да му е левата крилна позиција.

Тој доаѓа по една полусезона во Монтана, во втората лига на Бугарија, а претходно настапувал во Политехна Јаси, во романскиот втор ранг. Има повик и за сениорската репрезентација на Бугарија, во 2015 година, но останал на клупа и не дочекал да дебитира.