вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нагелсман покажа дека не е сѐ во парите – ги одби милионите на Арапите!

Нагелсман покажа дека не е сѐ во парите – ги одби милионите на Арапите!

Без разлика што многумина сметаа дека седнувањето на Јулијан Нагелсман на клупата на ПСЖ е веќе завршена работа, германскиот стратег неочекувано се повлече од преговорите и дефинитивно ги одби милионите кои му ги нудеа арапските газди на францускиот првак.

Двете страни синоќа не се договориле околу клучните детали, кои засега не ѝ се познати на јавноста. Ова значи дека „светците“ ќе мора да бараат нов предводник за ерата што следи во која Килијан Мбапе ќе биде единствената ѕвезда по заминувањето на Лионел Меси и најавениот крај на соработката со Нејмар.

Нагелсман, кој пред крајот на минатата сезона неочекувано доби отказ од Баерн Минехн, со ова покажа дека не е сѐ во парите, најавувајќи дека ќе чека понуда од „понормален“ проект каде што би можел да изгради добар тим без голем притисок, но и без разгалени и преплатени ѕвезди во составот.