понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Расте бројот на жртви од пожарите во Грција: До сега починаа 89 лица, има и неидентификувани тела кои никој не ги побарал

Расте бројот на жртви од пожарите во Грција: До сега починаа 89 лица, има и неидентификувани тела кои никој не ги побарал

Бројот на официјално потврдени и идентификувани жртви од пожарите во источниот дел на областа Атика, достигна до 89 лица, откако 55-годишна жена, им подлегна на повредите во атинска болница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според последното соопштение од грчката противпожарна служба од пред два дена, во Дирекцијата за криминални истраги на грчката полиција биле идентификувани 81 лице и постојат две неидентификувани тела со достапна ДНК, но кои никој до сега не ги побарал.

Во грчките болници во изминатите речиси две седмици по катастрофалниот пожар, на повредите им подлегнаа шест лица.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, во атинските болници има 38 повредени лица, од кои осум се во сериозна состојба.