четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Челси ќе понуди 120 милиони евра за Кварацхелија!

Челси ќе понуди 120 милиони евра за Кварацхелија!

Челси во изминатите два преодни рока потроши многу пари, но не планира да застане, последните информации велат дека сакаат да го купат Кварацхелија и за таа цел подготвуваат неверојатна понуда.

Наполи го купи Кварацхелија за 10 милиони евра, а по само една сезона можат да го продадат за 12 пати повисока сума доколку одлучат да ја прифатат понудата од Челси.

Наводно Челси нуди 120 милиони евра за Кварацхелија, а интерес за Грузиецот има и од Баерн Минхен и ПСЖ.

Кварацхелија беше еден од најзаслужните фудбалери за Скудетото на Наполи, времето ќе покаже дали Де Лаурентис ќе одолее на богатите понуди или ќе прифати некоја од нив.