петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Трагичен крај на потрагата: Анастасија е пронајдена мртва во Грција

Трагичен крај на потрагата: Анастасија е пронајдена мртва во Грција

Анастасија Рубинска (27) од Полска, која исчезна во понеделникот вечерта, на 12 јуни, на островот Кос во Грција, денеска е пронајдена мртва, пренесува „Прототема“.

Да потсетиме дека исчезнувањето на Анастасија го пријавил нејзиниот партнер, пишува весникот „Демократики“.

Поточно, на 12 јуни околу 22 часот и 30 минути, 28-годишникот телефонски ја контактирал партнерката, која му рекла дека е во Мармари, дека е во алкохолизирана состојба и дека некој со неговиот мотор ќе ја однесе до хотелот.

Таа потоа му испратила порака за нејзината локација за да може да вози за да ја земе. Но, кога момчето пристигнало во областа која таа ја посочила, не ја нашол Анастасија. Како што се пожалил, кога повторно се обидел да стапи во контакт со партнерката преку нејзиниот мобилен телефон, тој бил исклучен.

Во 23:38 нејзиниот телефон бил пронајден преку апликација во областа Тигаки. Во тој момент тој веќе беше исклучен. Девојката не се појавила на работа како што било предвидено утрото на 13 јуни 2023 година.

Како што објавија медиумите, нејзиниот мобилен телефон бил пронајден, но без СИМ-картичка, а семејството на исчезнатото девојче испратило група приватни детективи кои се обидувале да откријат што точно се случило таа кобна ноќ.