среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барсeлона плаќа 45 милиони за играч што не знае дали ќе може да го регистрира

Барсeлона плаќа 45 милиони за играч што не знае дали ќе може да го регистрира

Каталонскиот Мундо Депортиво објави дека новиот шампион на Шпанија Барселона се договори да го купи талентираниот напаѓач на Атлетико Паранаенсе, Витор Роке.

Речиси една година Барса го брка 18-годишниот напаѓач, минатото лето за него беа заинтересирани Реал и Јувентус, но неколкумесечните напори на Каталонците вродија со плод.

Мундо пишува дека бразилскиот клуб ќе инкасира 35.000.000 евра, а дека би можел да добие и дополнителни 10.000.000 како бонус во зависност од учинокот на младиот напаѓач.

Мундо понатаму нагласува дека постои можност Барселона да не го регистрира Роке ова лето. Каталонскиот весник истакнува дека во ред чекаат уште неколку фудбалери кои имаат приоритет пред Бразилецот. Пред се Гави, Роналд Араухо и Маркос Алонсо, кои се договорија за продолжување на договорот, потоа Игнасио Пења, па дури и Ињиго Мартинез, чие доаѓање Барса го договори без обештетување, откако му истече соработката со Билбао. Во случај да не добијат зелено светло да го регистрираат од Примера, Барса ќе го остави Роке на позајмица во Паранаенсе до зима, а потоа ќе се обиде повторно да го регистрира во јануари.

За Роке, наводно, покажале интерес уште три големи европски клубови, но пресудна била желбата на играчот да ја продолжи кариерата во Барселона, иако не можел да добие гаранции, и финансиски и играчки.