четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Британското разузнавање: И Русите и Украинците трпат големи загуби

Британското разузнавање: И Русите и Украинците трпат големи загуби

И украинските и руските сили трпат големи загуби, соопшти британското воено разузнавање, додека Киев го слави ослободувањето на осмата населба во јужниот дел на земјата, две недели по почетокот на контраофанзивата.

Британските власти соопштија дека нивото на жртви меѓу руските војници е на највисоко ниво од екот на битката за Бахмут во областа Доњецк во март, при што Украина тврди дека 4.600 војници биле убиени или ранети.

-Напредокот на украинските сили и на Истокот и на Југот на земјата беше бавен, а голем дел од тешкото западно оружје и новите бригади допрва треба да бидат ангажирани во борба, се вели во соопштението.