понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Случај на тифусна треска потврден во Хрватска

Случај на тифусна треска потврден во Хрватска

Дијагнозата на тифусна треска е потврдена кај еден пациент на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопштија од медицинската установа.

Според болницата, случајот со тифусна треска е потврден кај возрасен човек кој најверојатно се заразил во странство.

Од таму додаваат дека увозните случаи на оваа болест не се невообичаени, бидејќи болеста се уште е ендемична во некои делови од светот.

Затоа на патниците им се препорачува вакцинација против тифусна треска во земјите каде што болеста е ендемична.

-Потенцираме дека претходните години имавме повремен увоз на тифусна треска, но немаше натамошно ширење на инфекцијата на контакти. Како и кај другите заразни болести, важно е брзо идентификување и лекување на болното лице, епидемиолошки и микробиолошки третман на контактите и спроведување на антиепидемиски мерки во соработка со надлежниот епидемиолог, соопштуваат од болницата.