сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕУРО 2024: Роналдо погоди на јубилејот, вечер со неколку изненадувања

ЕУРО 2024: Роналдо погоди на јубилејот, вечер со неколку изненадувања

Кристијано Роналдо погоди на својот 200. натпревар во националниот дрес и донесе победа на Португалија на гостувањето кај Исланд со 0-1, Молдавија и Луксембург приредија големи изненадувања.

Португалецот испиша историја откако стана првиот фудбалер со 200 натпревари во националниот дрес, па за натпреварот против Исланд целосно да помине во негов знак, ЦР7 на Португалија и донесе победа од 0-1.

Во финишот од мечот, Инасио со глава спушти топка а Кристијано Роналдо одлично се снајде и ја затресе мрежата. Помошник го крена знаменцето за офсајд, но ВАР го потврди славјето на напаѓачот.

Во останатите средби Молдавија губеше со 0-2 против фаворизираната Полска во првото полувреме, но успеа да направи чудесен пресврт и на крајот да слави со 3-2.

Луксембург со 0-2 славеше на гостувањето кај Босна и Херцеговина, а Бугарија секунди ја делеа од победа над Србија, Лазовиќ во 97. минута спаси бод за гостите.

Белгија со 0-3 славеше против Естонија, Алабанија со 1-3 трумфираше над Фарски Острови, Словачка со минимални 0-1 го совлада Лихтенштајн, а Австрија, Норешка и Унгарија беа сигурни на домашен терен против Шведска, односно Кипар и Летонија.