вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил на сонце во Словенија

Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил на сонце во Словенија

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за момче кое има неполни две години.

„Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил“, предупредуваат од словенечкиот институт за јавно здравје. Нагласуваат и дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди:

„Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме“, додаваат тие.

Како што вчера изјави за ТВ Словенија помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Целје, мајката и нејзиниот партнер се 48 часа во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што се соочуваат казна затвор од шест месеци до пет години.

Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот.

Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега.

И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.