сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Кривична за 22 годишна девојка: Пријавила дека е обљубена, на гинеколог откриле дека се самоповредувала

Кривична за 22 годишна девојка: Пријавила дека е обљубена, на гинеколог откриле дека се самоповредувала

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(22) од с.Џепчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

-На 28.04.2023, пријавената лажно пријавила дека едно лице над неа извршило обљуба во текот на денот во с.Џепчиште.

После тоа, врз неа извршен бил гинеколошки и телесен преглед, при што било утврдено дека се работи за самоповредување, по што и самата признала дека лажно пријавила кривично дело, информира МВР.