понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција сменети началниците на полицајците и пожарникарите: Направил ли грешка некој од нив?

Во Грција сменети началниците на полицајците и пожарникарите: Направил ли грешка некој од нив?

Во Грција денеска се сменети началници на полициските сили и на пожарникарски бригади по кобните пожари на Атика во кои загинаа најмалку 90 луѓе.

Функциите на тие две служби ги преземаат нивните заменици, соопштија од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас.

Во соопштението минатонеделниот пожар во Мати не се споменува директно.

Под притисок на јавноста во петокот оставка поднесе министерот за јавен ред Никос Тоскас.