вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер носи ракометар од Елверум

Еурофарм Пелистер носи ракометар од Елверум

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер продолжува со градењето на мозаикот за новата сезона, во која ќе игра и во Лигата на шампионите.

Според пишувањата на српски „Моцарт Спорт“ нови име во редовите на битолскиот тим ќе биде Урош Борзаш.

Српскиот репрезентативец, кој настапува на позицијата лев бек, во Еурофарм Пелистер ќе пристигне од норвешкиот вицепрвак Елверум.

23-годишниот ракометар со тимот на Елверум во изминатата сезона играше во Лигата на шампионите и елитното натпреварување го заврши со 49 постигнати погодоци, со што беше трет најдобар стрелец во тимот од Норвешка.