Меси на Мбапе му порачал да одбере „вистински победнички проект“ и му навел два клуба каде го советува да замине.
Лионел Меси веќе си замина од ПСЖ откако потпиша за амбициозниот Интер Мајами. Збогувајќи се со Килјан Мбапе, со кого две години играше во нападот на ПСЖ, му дал совет каде да ја продолжи кариерата, пренесуваат шпанските медиуми.
„Јас би сакал да одиш во Барса“, му рекол Меси, а потоа додал: „Но, ако сакаш да одиш во Мадрид, оди, заслужуваш вистински победнички проект“.