сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн Минхен потпиша со Гереиро до 2026 година!

Баерн Минхен потпиша со Гереиро до 2026 година!

Германскиот шампион Баерн Минхен соопшти дека потпишале договор со Рафаел Гереиро, кој доаѓа од редовите на Борусија Дортмунд.

Гереиро не се двоумеше долго пред да се реши за Баерн, со кој потпиша договор до јуни 2026 година.

„Кога пристигна понудата од Баерн, одлуката беше лесна. Чест ми е да играм за Баерн, имам високо мислење и за тренерот Томас Тухел. Ќе дадам сè од себе за да освоиме што е можно повеќе титули“, кажа Гереиро.