Италијанскиот мотоциклист Марко Бацеки со ВР‚ Дукати победи денеска на спринтот пред гранпри во Холандија на патеката Асен, славејќи пред Франческо Бањаја и Фабио Квартараро.
Бацеки кој тргна од пол-позицијата после неколку круга беше претекнат од Бањаја и Брад Биндер, но успеа потоа да го поврати лидерското место и да одолее на нападите на светскиот првак и на крај да победи во спринт трката.
Биндер беше трет, но доби потоа казна, па Квартараро првпат се искачи на подиумот во оваа сезона, Алеиш Еспрегаро заврши четврти, а Биндер поради казната го освои петтото место.