Во сабота (01.07.2023) на Градскиот плоштад во Куманово доаѓа летниот караван на Звезда. Програмата започнува во 18 часот. Големиот летен караван за прв пат доаѓа во Македонија. Караванот ја носи двојната круна освоена годинава од првиот тим на ФК Црвена Звезда, како и пехарот од Бари и им овозможува на сите членови на клубот да се сликаат со нив.
Тричасовната дружба ќе биде исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена Звезда, а особено радосни се приказните на навивачите и постарите кои се сеќаваат на Црвена Звезда, но и на најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот.
Настанот е објавен и на Фејсбук, истиот можете да го погледнете ТУКА.