вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Македонскиот евроинтеграциски пат треба да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, а не врз бугарски диктат

Муцунски: Македонскиот евроинтеграциски пат треба да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, а не врз бугарски диктат

Остануваме на нашиот став дека уставни измени под овие околности и под бугарски диктат се неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ, тоа е став на нашите партиски органи, тоа е став и на нашата пратеничка група, став донесен по широк консензус донесен по соодветна дебата во рамките на партијата, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вклучување во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Според Муцунски владата на СДСМ и ДУИ решила да презема обврска надвор од нејзината надлежност согласно Устав и законите во однос со Бугарија.

Имаме влада која што и покрај сите предупредувања и покрај желбата на ВМРО-ДПМНЕ уште во тоа време се понудивме проактивно да се реши предизвикот кој што го имавме со нашиот сосед, нашата владата реши да презема обврска надвор од нејзината надлежност согласно Устав и законите. Е сега за тоа решение е потребен консензус, и не е тоа решени на маса и земи или остави такво такво што е, бидејќи доколку сакале да го почитуваат и вреднуваат ставот на ВМРО-ДПМНЕ тоа требало да го направат во моментот кога се преговарало за вакво решение. Бидејќи сите знаевме дека во соседна Бугарија имало консензуално одлучување кај клучните политички субјекти по решението кое што се понудило, објасни тој.

На прашањето дали ќе чувствуваат одговорност како политичка партија доколку не поминат уставните измени бидејќи притисокот е на страната на ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателот Муцунски рече:

Не чувствувам дека притисокот е на страна на ВМРО-ДПМНЕ. Притисокот е кај владата, бидејќи владата, односно парламентарното мнозинство на ДУИ подржано од СДСМ е тоа кое одлучи да влезе во оваа авантура и несомнено од ден за ден гледам дека тие се под сериозен притисок бидејќи преземале обврска која што не можат да ја реализираат. Така што притисокот не е врз ВМРО-ДПМНЕ, притисокот е врз мнозинството. И нема зошто да чувствуваме одговорност како политички субјект за нешто за кое не сме преговарале и не сме биле информирани.

Муцунски смета дека македонскиот евроинтеграциски пат треба да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми.

Примарна цел е да ги потврдиме позициите на ВМРО-ДПМНЕ кои што се насочени кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат, и нашата оценка дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми, изјави Муцунски.

Најнови вести