сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Брозовиќ доби 100 милиони евра и потпишува за Ал-Наср

Брозовиќ доби 100 милиони евра и потпишува за Ал-Наср

Хрватскиот интернационалец Марсело Брозовиќ ќе биде најновиот соиграч на Кристијано Роналдо во саудискиот клуб Ал-Наср. Раководството на Ал-Наср на крајот успеа да го убеди одличниот играч за врска да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија.

Ал-Наср на Интер ќе му плати отштета од 23 милиони евра, а Брозовиќ ќе добие 100 милиони евра плата и потпис на договор.

Брозовиќ денеска треба да ги изврши лекарските прегледи, а потоа да потпише договор на три години.