Фудбалскиот клуб Вардар се враќа на Градски Стадион !
Од клубот ги канат сите денеска во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез).
-По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот Македонски Фудбалски Бренд. Вардар е Клуб на Народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, Клубот на Народот ве очекува, велат од ФК Вардар